Падот заврши, кошарката се враќа во мода (Фотогалерија)

Разочарувачки беше да се следи падот на нашата репрезентативна кошарка во изминатите години, но токму затоа сега радува фактот дека националниот тим се враќа на посакуваните патеки, оставајќи ги зад себе лошите епизоди од минатите две години.

Рутината со која се славеше над Косово и Романија е само доказ колку Македонија поблизу до елитата отколку до дното на европската кошарка, а за очекување е на наредните натпревари избраниците на Јорданчо Давитков да добијат и уште поголема поддршка од трибините. Денеска, во „СЦ Борис Трајковски“ имаше околу илјада фанови, меѓу нив и првиот човек на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, отсекогаш голем поддржувач на сите македонски спортови.

За одбележување е и пригодниот подарок што го доби Соња Николовска, техничкиот секретар во МКФ, за 25 години работа во нашата куќа на кошарката.

Се вчитува...