Паје суспендиран четири натпревари

Фудбалерот на Олимпик Марсеј Димитри Паје е суспендиран на четири натпревари, соопштија од раководството на Лига 1. 32-годишниот Французин е санкциониран поради исклучувањето кое го заработи на мечот од 6. коло во Лига 1 против Монпелје.

Судијата во финишот на мечот му покажа жолт картон на поранешниот фудбалер на Вест Хем, но искусниот средниста не се согласи со одлуката и почна жестоко да се расправа со него, поради што доби црвен картон. Марсеј одигра нерешено со Монпелје (1-1), а по седум кола неговат екипа е на делба на петтата позиција на табелата со 12 бода, колку имаат и Бордо и Ница.

 

Се вчитува...