Паје под 24-часовен надзор: Гневни фанови го гаѓаат неговиот дом со јајца

Французинот Димитри Паје од миленик стана најомразена личност кај фановите на Вест Хем, откако одби да тренира и да ги игра натпреварите на клубот, поради тоа што сака да си замине и да ја промени средината. Неговиот статус се уште не е решен, Олимпик Марсеј е заинтересиран да го врати во Франција, но се уште преговара со раководството на Вест Хем околу цената. Дотогаш Пајe тренира со вториот тим на „чеканите“, а фановите на секој можен начин го искажуваат незадоволството поради односот на фудбалерот.

Најнова вест е дека Паје добил 24-часовен безбедносен надзор, затоа што е проценето дека и неговата безбедност е доведена во прашање. Гневни фанови гаѓале со јајца во прозорците од неговиот дом, а за тоа веднаш била известена и полицијата. На Французинот му се доделени телохранители, кои ќе го чуваат од можни нови нереди.

Се вчитува...