Пак „статива“: Анри не се договори ниту со Бордо

Тиери Анри храбро се откажа од богатиот телевизиски договор за да се посвети на тренерската работа, но Французинот се соочува со вистински проблем – да најде клуб во кој ќе ја почне самостојната тренерска кариера.

Тој беше поврзуван со неколку клубови од Англија, но не успеа да постигне договор за соработка, а сега истиот случај се повтори и во неговата татковина, во разговорите со највисокото раководство на Бордо. Иако беше најавувано дека двете страни се многу близу до договор, претседателот Стефан Мартин објави дека преговорите се прекинати.

„Нема веќе простор за разговор, преговорите се прекинати, а ние ќе разгледуваме други опции“ – објави Мартин, кој го навлече бесот на навивачите и фудбалерите со смената на Густаво Појет.

Неофицијално, Анри барал тригодишен договор за плата од два милиони евра по сезона, плус богат буџет за засилувања, нешто што клупската управа не можела да му го овозможи.

Се вчитува...