Палас во шок: Тренерот кој испиша историја си заминува во јуни

Оливер Гласнер, актуелниот тренер на Кристал Палас, денеска потврди дека на крајот на сезоната го напушта клубот. Ова е шокантна информација за навивачите, кои инститираа Австриецот да остане, со оглед дека имаше одлични резултати, а освои и трофеј после долги години.

Гласнер во минатото беше дел од Ајнтрахт Франкфурт, со кој ја освои Лигата на Европа, а потоа замина во Премиерлигата, каде што од Палас направи респектабилен тим.

„Да, заминувам во јуни. Потребен ми е нов предизвик“, изјави Гласнер на денешната средба со новинарите.

Во минатото Гласнер се поврзуваше со клупата на Манчестер Јунајтед, како и со Челси, а во последно време се погласни се шпекулациите дека би можел да го преземе Тотенхем.

Се вчитува...