Палермо сака да му ја зголеми платата и да го задржи Несторовски

Италијанскиот клуб Палермо не сака така лесно да се откаже од својот најдобар фудбалер Илија Несторовски. Иако тимот испадна во Серија Б, раководството планира експресно враќање во елитата по само една сезона, а тука Нестор-гол со своите голови би требало да одигра една од најзначајните улоги. Токму затоа, челниците на Палермо планираат состанок со агентот на Несторовски, со понуда тој да добие зголемување на годишната плата и да остане во Палермо најмалку уште една сезона.

Несторовски има актуелен договор до јуни 2019 година, и тој, доколку двете страни се договорат, ќе биде ревидиран, со подобрени услови за македонскиот репрезентативец. Од друга страна, Фиорентина силно притиска за ангажман на Несторовски во овој летен преоден рок, а се чека трансферот на Никола Калиниќ во Милан за „виолетовите“ да тргнат во конкретна акција за купување на Македонецот.

Одреден интерес за Несторовски постои и од Евертон и ВБА во Англија, Севилја и Бетис во Шпанија, како и од Спарта Прага.

Се вчитува...