Палермо се врати во Серија Б!

Палермо обезбеди место во Серија Б откако со вкупни 2-0 ја победи Падова во плеј-офот од Серија Ц.

Тоа ќе биде прва сезона за Палермо во Серија Б откако во 2019 година поради банкрот беа исфрлени во Серија Д. Палермо со 1-0 го доби првиот меч кој се играше во Падова, а синоќа со идентичен резултат славеше и на свој терен.

Стадионот Ренцо Барбера беше исполнет, а по крајот на мечот улиците во Палермо беа преплавени од навивачи, се славеше големиот успех.

Се вчитува...