Палермо се жалеше и нема да биде исфрлен во Серија Ц, ќе му бидат одземени 20 бода

Италијанскиот второлигаш Палермо се спаси од исфрлање во понизок ранг на натпреварување, откако Судот во Италија ја прифати жалбата на сицилијанскиот клуб. Сепак, тимот на Илија Несторовски и на Александар Трајковски остана без плејофот за влез во Серија А.

Палермо се пласира на третото место во регуларниот тек од сезоната во Серија Б и требаше да игра во плејофот, но потоа беше покрената постапка против сопствениците за финансиски малверзации со клупската каса и Палермо беше исфрлен во Серија Ц. Сепак, по жалбата е одлучено дека Палермо нема да се сели во понизок ранг, туку дека ќе остане без 20 бода.

Палермо имаше 63 бода, а со одземените 20 бода, тимот со вкупно 43 бода финишира на 12. место во Серија Б.

 

 

Се вчитува...