Палмарсон потфрли, Кире Лазаров остана „крал на стрелците“ на Ф4

Кире Лазаров останува најдобар стрелец во историјата на фајналфор турнирите откако рекордот на македонскиот капитен остана недостижен за Арон Палмарсон.

Нашиот „бомбардер“ има настапувано за Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона и за Нант на Ф4 турнирите во „Ланксес Арена“, има одиграно вкупно 12 натпревари и притоа постигнато 65 погодоци. На последниот настап со Нант македонскиот ас го урна рекордот на Момир Илиќ, но сега постоеше опасност Палмарсон да го надмине остварувањето на Лазаров.

Бекот на Барселона влезе со 58 гола во големото финале против Кил, но Палмарсон за среќа немаше свој ден, го заврши мечот со само еден гол, па се уште заостанува на „минус шест“ од Лазаров. Пред него во меѓувреме „скокна“ Микел Хансен, кој со 12-те гола на двете средби во Келн стигна до бројката од 60 погодоци на Ф4 турнирите.

Лазаров останува „крал на стрелците на Ф4“ уште најмалку шест месеци, па останува да се види дали Палмарсон и Хансен ќе го урнат неговиот рекорд на следниот фајналфор турнир, секако доколку со своите тимови обезбедат учество на завршницата за сезоната 2020/21.

Се вчитува...