Палмарсон: Вардар е опасен тим добро покриен на секоја позиција

ЕКИПА во Келн,

Катерина Павлова Николовска

Ѕвездата на Барселона, Арон Палмарсон го прифаќа товарот на фаворит што неговиот тим го заслужи со одличната сезонава во Лигата на шампоните. Сепак и покрај големата сиугрност ов себе, предупредува на квалитетите на Вардар.

„Многу слушам за тоа дека сме фаворити и се согласувам со тоа затоа што не бевме најдобри во групата од која сите екипи се на Ф4 турнирот. Но и претходно се покажувало на на овој турнир може се да се случи и затоа силно сме фокусирани на денешниот натпревар.Вардар е опасен тим. Игравме двапати и ги добивме двата натпревари. Имаат добра одбрана и технички квалитетни играчи како Крачиќ и Скубе. Тие се опасен тим, брзи крила и добри играчи на секоја позиција. Тие едноставно се добар тим и тоа го покажаа низ сезоната“ – вели Палмарсон во пресрет на денешната полуфинална пресметка.

Арон Палмарсон не бесе дел од тимот на Барселона кој пред две години доживеа пораз од Вардар во полуфиналето.

Се вчитува...