Палмарсон: Вардар има играчи што знаат како се победува во Келн

Барселона е подготвена да се носи со улогата на фаворит на фајналфор турнирот во Келн, но Арон Палмарсон предупредува дека неговите соиграчи никако не смеат да си дозволат да го потценат Вардар.

„Доаѓаме фаворити и не треба да бегаме од таа улога. Фактите говорат – игравме со сите екипи во групната фаза и имаме позитивен скор, нормално е на нас да се гледа како на фаворити. Од друга страна, свесни сме дека ова се натпревари на кои не постои право на грешка, па мораме да останеме максимално фокусирани. Вардар е нашиот прв ривал и мораме да бидеме многу внимателни. Тие останаа без многу играчи во однос на ланската сезона, но се уште во тимот имаат ракометари кои знаат како се победува во Келн. Максимално сме фокусирани на овој дуел, бидејќи сме свесни дека тоа е меч „за се или ништо“. Ако загубиме, на никој нема да му се игра дуелот за трето место“ – истакна Палмарсон.

Барселона и Вардар ќе се сретнат во второто полуфинале од Ф4 турнирот, в сабота со почеток во 18 часот.

Се вчитува...