Палмер пресече каде ќе ја продолжи кариерата: Се смеам кога ги читам шпекулациите

Во ноќта кога Челси претрпе болен пораз од Манчестер Јунајтед (0:1) во Лондон и со тоа значително го загрози пласманот во Лигата на шампионите, навивачите на „Сините“ сепак добија една вест што ги израдува.

Најдобриот играч на тимот, Кол Палмер, јасно стави до знаење дека нема намера да го напушти Челси, и покрај растечките гласини за враќање во Манчестер.

Палмер е дете на Манчестер Сити, а во последно време се шпекулира дека би можел да се врати во матичниот клуб или да замине во Јунајтед.

„Сите само зборуваат. Кога го гледам тоа, само се смеам “, им рече Палмер на новинарите.

Иако признава дека Манчестер е негов дом, Палмер не гледа причина да се врати.

„Секако дека Манчестер е мојот дом, моето семејство е таму, но не ми недостига. Можеби ќе ми недостига ако не заминев три месеци, но кога ќе се вратам, сфаќам дека таму нема ништо за мене. “

Се вчитува...