Палота: Не прифаќаме извинување од Барселона, освен ако не ни го дадат Меси

Каталонскиот гигант Барселона го „украде“ Малком пред носот на Рома и потпиша договор со талентираниот фудбалер на Бордо, а интересна изјава даде претседателот на „волчицата“, Џејмс Палота. Тој вели дека прифаќа извинување од Барса само под еден услов.

„Барселона ни се извини, но не го прифаќам нивниот чин на извинување. Освен ако не одлучат да ни го дадат Лионел Меси“, изјави Палота.

Малком беше договорен за трансфер во Рома, но во последен момент во трката влета Барселона и фудбалерот заврши на „Камп Ноу“.

Се вчитува...