Панатинаикос го доби вечното грчко дерби, Ефес продолжува да „гази“

Панатинаикос го доби првото грчко вечно дерби во Евролигата сезонава, откако по продолженија на домашен терен славеше над Олимпијакос со 99-93

Во првото полувреме домашниот тим беше подобар противник, а на пауза успеа да замине со предност од плус седум (46-39). Во третата четвртина гостите заиграа многу подобро и со одлична игра во одбраната пред последните десет минути успеаја да се приближат на само минус два (63-61). Во последниот период се играше кош за кош, а Ник Калатес не успеа да поентира за три поени, по што натпреварот замина во продолженија. Во продолжението домаќините подобро се снајдоа и успеаја да стигнат до голем триумф над големиот ривал од 99-93. Тајрис Рајс беше херој на домаќините постигнувајќи неверојатни 41 поен. Кај Олимпиакос Спанулис го заврши мечот со 18 поени.

Анадолу Ефес продолжи со одличните игри. Нова жртва на турскиот клуб беше шпанската Басконија која на домашен терен беше декласирана со 77-102. Шејн Ларкин со 24 поени повторно беше прво име во победнчкиот табор додека Санли уфрли 18. Кај домаќините најефикасен беше Шенгелија со 20 поени.

Се вчитува...