Панатинаикос го отпушти Педулакис

Аргирис Педулакис повеќе не е тренер на Панатинаикос, потврдија од клубот од Атина. Грчкиот великан во четвртокот по две продолженија загуби од Алба во осмото коло од Евролигата, со што го забележа четвртиот пораз сезонава во елитното натпреварување.

Минатиот викенд Панатинаикос загуби и од Промитеас со што беше елиминиран во четвртфиналето во грчкиот куп. Педулакис летово седна на клупата на грчкиот великан откако на тренерската позиција го замени Американецот Рик Питино, кој неодамна беше промовиран во нов селектор на Грција.

 

Се вчитува...