Панатинаикос го врати брејкот против Олимпијакос и сега има мајсторка на свој терен

Кошаркарите на европскиот шампион Панатинаикос успеаја да се вратат од 0-2 во финалната серија против најголемиот ривла Олимпијакос и да ја одведат серијата во грчкото финале во мајсторка на домашен терен.

Вечерва избраниците на Атаман успеаја да стигнат до брејк откако славеа на гостувањето кај Олимпијакос со 85-88. Гостите одиграа одлично во второто полувреме кое на крајот беше клучна за големата победа.

Кендрик Нан со 25 поени беше убедливо најдобриот поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Ларенцакис имаше 13 поени.

Се вчитува...