Панатинаикос и Жељко Обрадовиќ – повторно актуелна приказна

Ергин Атаман е сигурен на клупата на Панатинаикос, и покрај тоа што тимот не дојде до пласман на Ф4 годинава. Ова го пишуваа грчките медиуми веднаш по елиминацијата од Валенсија, и најавија дека Турчинот ќе остане во грчкиот тим и следната сезона. Но…

Сега приказната е сосема поинаква. Јасно е дека Атаман ги троши последните кредити кај сопственикот Димитрис Јанакопулос, кој веќе размислува да го врати најтрофејниот тренер во Евролигата, Жељко Обрадовиќ.

Приказната за „кам-бекот“ на Србинот во зелениот дел на Атина е повторно актуелна, а Јанакопулос веќе наводно му подготвува добар договор – две години и 10 милиони евра, со што Обрадовиќ би бил повторно најплатен тренер во Европа.

Сепак, и покрај амбициозната идеја, во Грција постои одредена доза на скептицизам кога станува збор за ова сценарио. Врската меѓу Обрадовиќ и Јанакопулос помладиот е предмет на шпекулации со години, а многумина веруваат дека карактерите на две силни личности би имале тешкотии да функционираат во ист систем.

Обрадовиќ имаше исклучително успешна соработка со семејството Јанакопулос, но пред сè со Павлос и Танасис, додека денешната динамика во клубот значително се промени. И покрај сè, Атина повторно сонува за големото враќање на Обрадовиќ.

Се вчитува...