Панатинаикос подобар од Баерн Минхен

Грчкиот Панатинаикос го совлада германскиот Баерн Минхен нагости со 75-87. Домаќините беа подобар противник само во првата четвртина која ја добија со плус осум 24-16. Во вториот период гостите со одлична игра во одбраната дозволувајќи му на противникот само 11 поени, успеаја на пауза да заминат со минимална предност од 35-36.

Клучна во мечот беше третата четвртина која грчкиот тим ја доби со плус единаесет, а по 30 минути игра резултатот на семафорот изнесуваше 53-65. До крајот рутински го приведоа мечот за конечен триумф од 78-87.

Дешон Томас со 14 и Тајрис со 13 поени беа први имиња во победничкиот табор, додека кај домаќините Пол Зипсер уфрли 23 поени со кои беше најефикасен на мечот.

Се вчитува...