Панатинаикос триумфално во „грчко-турската“ пресметка го освои Истанбул

Кошаркарите на Панатинаикос го освоија Истанбул триумфирајќи во грчко-турската пресметка против Фенербахче со 59-62.

Во крајно израмнет натпревар од 28. коло во Евролигата, Грците одлично го почнаа мечот со постојано водство низ првите два периоди од играта.

Домашните одиграа одлична трета четвртина добивајќи ја со 17-6, но не беше доволна за конечна победа. На крајот гостите убедливо ја добија последната четвртина со 10-18 за триумф од три поени разлика.

Со оваа победа Панатинаикос се доближи на само еден триумф помалку од Фенербахче.

Се вчитува...