Панче Стојанов го предводи хитот на сезоната: Академија Пандев секогаш ќе игра за гол повеќе…

Новиот прволигаш Академија Пандев дефинитивно е најпријатното изненадување на стартот од новата сезона во Првата лига. По седум кола, тимот што го предводи Панче Стојанов освои 14 бода, се наоѓа на второто место на табелата веднаш зад Шкендија, а вчера го совлада Работнички на арената „Филип Втори“ со 1-2. Тој е презадоволен од успешниот почеток на прволигашката мисија.

„Пресреќни сме со триумфот против Работнички. Тоа беше наше прво појавување на арената „Филип Втори“, и славевме триумф на најголемиот стадион во Македонија. Се надевам дека и понатаму ќе бележиме успеси. Нашето мото е да се игра за гол повеќе, и во таков стил настапивме и против Работнички. Имавме неколку шанси, искористивме две и мислам дека заслужено ги освоивме бодовите. Морам да напоменам дека не служеше и среќата, затоа што Работнички не реализира пенал, имаше и стативи, но на крајот ние се радувавме. За нас секој натпревар во Првата лига е посебно доживување и нова мисија и ќе се трудиме да уживаме“, изјави Панче Стојанов, тренерот на Академија Пандев.

Се вчитува...