Панче Стојанов: Засега е одлично, продолжуваме во ист стил!

Тренерот на Академија Пандев, Панче Стојанов е секако задоволен од стартот на дебитантската сезона во прволигашката конкуренција.

„Пандевци“ по шест кола се на второто место на табелата со 11 бода, со три победи, два нерешени резултати и еден пораз што е над сите очекувања од пред почетокот на сезоната.

„Натпреварот против Пелистер беше многу тврд, се соочивме со една одлична екипа, но знаевме дека ќе биде така и се подготвивме за тоа. Го анализиравме противникот и мислам дека одигравме доста стрпливо, ги искористивме своите шанси и заслужено дојдовме до победата. Можевме уште во првото полувреме да поведеме, но не искористивме два зицери. И покрај тоа, продолживме да играме трпеливо, знаевме дека можеме да дојдеме до победата. Противникот имаше замерки на судењето, но и во меѓусебните контакти по натпреварот фудбалерите и тренерот на Пелистер ни честитаа на коректната игра и заслужената победа. Мислам дека бевме подобар и попаметен противник во овој меч. Секој бод оваа сезона е добродојден, ние на секој натпревар ќе играме напаѓачки фудбал, ќе се обидеме да постигнуваме што е можно повеќе голови. Засега е одлично, се надевам дека ќе продолжиме во ист стил” – истакнува Стојанов по вчерашната победа од 2-0 против Пелистер.

Се вчитува...