Панчев е уште идол на „Маракана“, млад напаѓач сака да биде новиот ’Кобра’

Дарко Панчев е легенда на Црвена Звезда и идол на младите фудбалери кои допрва влегуваат во сениорскиот тим. Еден од најдобрите играчи на младинскиот тим на клубот е Лазар Романиќ, а тој сака да биде новиот ‘Кобра’ на „црвено-белите“.

lazar romanic

„Пресреќен сум што ме одбраа за најдобар млад фудбалер. Постигнав 14 погодоци и запишав 10 асистенции. Во тој избор имаше силна конкуренција и следна амбиција е да ги запишам првите минути во сениорскиот тим. Би сакал да бидам како Дарко Панчев. Тој е еден од најдобрите фудбалери кои го носеле дресот на Црвена Звезда. Се надевам дека наскоро ќе бидам новиот ’Кобра’ на овој клуб“ – истакна младиот Романиќ.

Дарко Панчев, најдобриот македонски фудбалер за изминатиот век, настапуваше за Црвена Звезда од 1988 до 1992 година, а со овој тим во 1991 година го освои трофејот во Купот на шампионите и беше добитник на „Златната копачка“. За многу генерации по него, тој е нивниот идол.

Се вчитува...