Панчев го откажал присуството на собирот на легендите на Ц. Звезда пред мечот со Наполи

Белградска Црвена Звезда на големо се подготвува за своето враќање во Лигата на шампионите, и по долги години прво учество во групната фаза од најпрестижното европско клупско натпреварување.

Веќе во вторник Црвена Звезда во Белград го пречекува Наполи, а за таа средба од раководството на клубот најавија и појавување пред навивачите на членовите од златната црвено-бела генерација која ја освои европската шампионска титула во 1990 година.

Но, ако што информира Звездан Терзиќ дел од асовите на Црвена Звезда го откажале своето присуство во вторник. Меѓу нив и Дарко Панчев кој, и покрај првичните најави, нема да биде присутен на стадионот „Рајко Митиќ“ во вторник. Панчев и во минатото ретко се појавувал на прославите и собирите на Црвена Звезда и нејзините легенди.

„Доаѓаат поголемиот дел од нашите асови: Савичевиќ, Михајловиќ, Белодедиќ, Најдоски, Шабанаџовиќ…. Панчев не може да патува од одредени причини, а Југовиќ нема да дојде. Посебна благодарност должиме на Синиша Михајловиќ кој веќе десеттина дена е на располагање на Црвена Звезда околу помош за тактичката подготовка. Синиша пружа навистина несебична поддршка“ – изјави Терзиќ за српските медиуми.

Се вчитува...