Панчев го смести Елмас во идеалниот екс-ју тим, според Југовиќ, пак, Ристовски е најдобар десен бек од поранешна СФРЈ

Македонскиот „дијамант“, Елиф Елмас е во идеалниот тим на фудбалери од екс-СФРЈ составен од македонската фудбалска легенда Дарко Панчев.

Во анкетата на српски „Информер“ учествуваа Дарко Панчев, Владимир Југовиќ, Предраг Мијатовиќ, Мехмед Баждаревиќ, Томислав Ивковиќ и Дарко Миланич, а Панчев во својот идеален тим на фудбалери од поранешна СФРЈ го смести Елиф Елмас.

Легендата на Црвена Звезда, Сампдорија и Јувентус, Владимир Југовиќ, пак, во идеалниот тим на десната бековска позиција го смести македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Сепак, согласно сумираните гласови на шесте поранешни фудбалски легенди од СФРЈ, на крај во идеалниот тим на „Информер“ немаше место за ниту еден македонски репрезентативец.

Во идеалниот тим, според гласовите на Панчев, Југовиќ, Мијатовиќ, Баждаревиќ, Ивковиќ и Миланич на крај се најдоа: Облак, Врсаљко, Савиќ, Миленковиќ, Гвардиол, Модриќ, Брозовиќ, Тадиќ, Перишиќ, Митровиќ и Џеко.

Шесте легенди, со четири гласови, за селектор на овој идеален тим го избраа актуелниот селектор на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси.

Се вчитува...