Панчев и Најдоски пред 29 години ја искачија Црвена Звезда на врвот на Европа (ВИДЕО)

Дарко Панчев и Илија Најдоски пред 29 години беа дел од тимот на Црвена Звезда кој успеа да стигне до титулата во Купот на шампионите. Звезда по изведување на пенали го совлада францускиот Олимпик Марсе, а херој на „црвено-белите“ од Белград беше Дарко Панчев кој го погоди одлучувачкиот удар од белата точка.

Покрај, Панчев значителен удел во тој тим имаше и Илија Најдоски. Црвена Звезда потоа го освои и светското клупско првенство, со што успеа да стане првиот и единствен клуб од југословенските простори кој успеал да ги освои двата најзначајни клупски трофеи во светот.

Се вчитува...