Панчев и Најдоски со шампионскиот тим, на почесен круг на „Маракана“ пред мечот со Наполи во ЛШ

Српскиот првак Црвена Звезда по цели 26 години повторно ќе игра во Лигата на шампионите. На првиот меч на домашен терен, на стадионот „Рајко Митиќ“, или некогаш популарната „Маракана“, планирано е да се појави и шампионскиот тим на „црвено-белите“, кој во 1991 година го освои престижниот трофеј во Бари. Во тој тим имаше и двајца Македонци, Дарко Панчев и Илија Најдоски, кои се сега дел од раководството на Вардар.

По европската клупска титула, тогаш Црвена Звезда се закити и со насловот светски првак.

Сегашната генерација на Црвена Звезда во групата Ц од Лигата на шампионите ќе игра против ПСЖ, Наполи и против Ливерпул.

Се вчитува...