Панчев и Најдоски за ситуацијата во Вардар: Ние бевме само „мамец“ во клубот кој ќе го проголтаат навивачите, за Самсоненко да не биде виновен за ништо!

Најтрофејниот македонски клуб ги живее најтешките денови во својата историја, со испаѓањето во Втората лига од следната сезона. Пад, или пат кој е минат поради начинот на кој беше воден клубот од Сергеј Самсоненко со исход кој се навестуваше уште најмалку три години претходно, иако битката за спас почна во коментите кога веќе беше позната пропаста.

Осврнувајќи се на периодот кога беше и спортски директор во клубот директно повикан од Самсоненко, најголемата македонска фудбалска легенда Дарко Панчев вели дека тој е искористен само да биде „добар мамец“ кој ќе го проголтаат навивачите додека од непосредна близина го гледаат крајот на една убава приказна.

„Кога се пласиравме во Лигата на Европа им реков на луѓето од клубот, па и на газдата, дека немаме тим кој може да биде конкуренте. Едноставно го немаме, и дека сме слаби. Добивме пет милиони евра од УЕФА, а со тие пари можеше да се проектира буџет за следни три сезони. Но, не препознав желба вистински да се работи на засилување на тимот. И бев во право. Реал Сосиедад ни даде шест гола, Зенит – пет. А, навистина сакав да направиме сериозен тим за балкански рамки. Има договорени доаѓање на одличен напаѓач, најдобриот офанзивец од втората турска лига, блиску беше и еден Израелец, но тие сето тоа го одбиваа. Го побарав и Звездан Терзиќ да ми го даде Павков на позајмица. Знам колку енергија дадов, но не им беше желба да направат добар тим. Потоа ги изманипулираа навивачите дека јас сум виновен за се и дека треба да си одам. Кога го видов тоа, поднесов оставка“вели Панчев во разговор за „Моцартспорт“.

Панчев се осврнува и на помошта за големите спортски брендови која мора да пристигне од државата.

„Мора да се препознае дека спортот е најевтиниот и најдобар вид на промоција за една држава. Ја следам ситуацијата во Србија, и гледам како Александар Вучиќ и државата ги помага и Црвена Звезда и Партизан, па и во сите спортови. Нема сомнеж дека тоа е исправно размислување. Се прават добри играчи а потоа се заработуваат и средства во странство, се презентира Србија на најдобар можен начин, а потоа тие пари се трошат во својата земја. Едноставна математика“ – дополнува Панчев.

Околу ситуацијата во Вардар се осврнува и вториот човек од одличната „црвено-црна“ генерација, Илија Најдоски.

„Кога Дарко Панчев ме повика во Вардар да му помагам во спортскиот сектор, знаев што ќе биде. Знаев, но не можев да го одбијам. Ние таму служевме само како покритие, за газдата да не биде виновен. Донесовме преку Лигата на Европа големи финансиии, но на нив како подраг да им беше ракометот“ – вели Најдоски.

Се вчитува...