Панчев: Кој воопшто гледа ракомет? Македонците би наполниле сала и за куглање

Еден од најдобрите македонски фудбалери во историјата, Дарко Панчев, кој патот кон успешната кариера го почна во Вардар, а и чиј диркетор беше во два наврати, вториот во периодот на актуелниот сопственик, Сергеј Самсоненко, нема баш високо мислење за двете европски титули кои во последните три години ги освоија ракометарите на братскиот клуб на ФК Вардар…РК Вардар.

Во интервју за „Би-Би-Си“ на српски јазик, Панчев објаснува дека на напреварите на Вардар имале посетеност само затоа што народот посакувал успех и ќе одел во сала за европско финале во било кој спорт.

„Да се споредува ракометот со фудбалот е како да споредувате професор од средно училиште во Скопје со Ајнштајн. Кој во Европа воопшто и гледа ракомет? Нашите луѓе се гладни за успех, да играме европско финале во куглање и да имаме голема сала, ќе биде полна“, вели Панчев.

Панчев има забелешки и за претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, и за воведувањето на Лигата на нации преку која македонската репрезентација дојде до разигрувањето кое може да ја одведе на Европско првенство. Тој смета дека ваквиот систем на квалификации е најлошото што можело да му се случи на фудбалот затоа што им се овозможувало на послабите селекции да прескокнуваат скалила. Традиционално не го штеди ниту селекторот на македонскиот национален тим, Игор Ангеловски.

„Нашите ги победија Гибралтар и Лихтенштајн и селекторот вели дека се најдобри во историјата. Па зарем е тоа вистина ако сте го победиле Гибралтар. Но, во секој случај се надеваме на ЕП 2020. Косово пружа солидни парти, има неколку добри играчи, но според мене Македонија е апсолутен фаворит. На Балканот, за жал, спортот е секогаш во втор план, но на мечот во Скопје, се надевам дека ќе биде мирно и без инциденти“ –  вели Панчев.

 

 

Се вчитува...