Панчев: Ова да го правиме секоја година, да не биде инцидентно

Легендата на мак-фудбалот, Дарко Панчев, во улога на директор на Вардар не го крие задоволството што овој клуб оствари огромен успех со пласман во групната фаза од Лигата на Европа. На денешната прес-конференција, Панчев воедно изрази и желба овој успех да биде поттик за во иднина редовно да се остваруваат вакви резултати.

Никој не очекуваше Вардар да направи изненадување и на два меча да го надигра противникот, така што овој успех е апсолутно заслужен, а најголемите заслуги за него одат кај играчите и тренерот. Среќен сум бидејќи знам дека Македонија долго време чека ваков успех, но од друга страна веќе разговарав со челниците и им посочив дека ова треба да ни биде пример, да се фокусираме како можеме ова да го повторуваме секоја сезона или секоја втора година, а не да биде инцидентна ситуација, еднаш во 25 години“ – порача Панчев.

Се вчитува...