Панчев: Се случуваат лоши работи во Вардар, но очекуваме позитивни ветришта од Град Скопје

ФК Вардар од јануари најверојатно го очекува нова трансформација по најавата за заминувањето на досегашниот сопственик Сергеј Самсоненко. „Црвено-црните“ веќе долг период се во финансиска криза, јасно е веќе и пред јавноста дека бројни негативни работи го мачат најтрофејниот македонски клуб во чии редови е се изместено од колосек, барем кога се работи и за организациската поставеност.

Веќе е јасно дека легендите на клубот Дарко Панчев и Илија Најдоски од поодамна немаат некоја значајна улога околу водењето и во спортскиот дел, па како што вели Панчев сега се очекуваат извесни позитивни ветришта од следната година по евентуалното преземање на клубот од страна на Град Скопје.

„Се случуваат во моментов работи кои апсолутно не се добри за Вардар. Сите промени не носат добра, но кога е Вардар во прашање како да му е пишано тоа. Јас и Илија Најдоски сме тука и секогаш подготвени да помогнеме и во иднина ако е потребно тоа. Доколку новите луѓе од Град Скопје сметаат дека може да имаме соработка и во иднина ние сме на располагање, сигурно со нашето искуство може да помогнеме на клубот“ – вели Панчев во интервјуто за српски „Новости“.

Како што е познато, Град Скопје уште пред три информации беше известен дека Сергеј Самсоненко сака да се повлече од клубот. Но, добро се познати и информациите за долговите во кои е западнат Вардар под владеењето на Русинот. А, Град Скопје го прифаќа назад клубот единствено со „чиста сметка“, онака како што Самсоненко го доби во јануари 2014 година, купен за само 80.000 евра.

Се вчитува...