Панчев седна до Самсоненко, ќе биде ли нов директор на Вардар?

Даре, ти ли си бе?! Се сеќавате на таа реплика од К-15…Но, ова не е шега, фудбалерот на векот на Македонија, легендата Дарко Панчев, денеска по подолг период се појави на натпреварите на ФК Вардар, и тоа во ложата, веднаш до сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко и претседателот Мирко Спасески. Дали е ова најава за негово приклучување во клупските структури, треба да потврдат од раководството на наредните денови.

Ако е според денешниот резултат, дојде Дарко Панчев и на Вардар му донесе среќа. „Црвено-црните“ го добија денешното дерби против Работнички со 2-0, со головите на Дамир Којашевиќ и на Бобан Николов.

Се вчитува...