Панчев скршен од болка по смртта на Михајловиќ: „Немам сили да зборувам…“

Информацијата за смртта на Синиша Михајловиќ, на негови 53 години, го потресе целиот фудбалски свет, но пред се сите оние негови соиграчи од златната генерација на Црвена Звезда со која ја покори Европа.

Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев, со кого Михајловиќ ја делеше соблекувалната во Црвена Звезда, исто така потресена од веста за предвременото заминување на еден од најдобрите балкански фудбалери.

„Немој да се лутите, не знам што да ви кажам, не можам да зборувам. Ме погоди ова, катастрофа. Едноставно немам сила да зборувам за ова. Што да ви кажам? Жал ми е, во некоја друга прилика ќе зборуваме“ – кратко само прокоментирал Панчев во изјава за српски „Блиц“ кој ги контактираше сите фудбалери на Црвена Звезда од онаа славна шампионска генерација.

Се вчитува...