Пандев 19 поради Covid 19 ја одложува пензијата? Шлагот е за крај, со Македонија на ЕВРО 2021!

Освои се во кариерата. Достигна неверојатни височини во Серија А, освои тројна круна со Интер, скудето, пехар во Лигата на шампионите, но „цело е кога има се“. Покрај големите успеси на клупски план и фантастичната кариера, капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев има сон да игра на Европско првенство со националниот тим.

Пандев 19 ќе ја одложи „пензијата“ поради Covid 19. „Ил Гранде Мачедоне“ имаше план да ја заврши 20-годишната професионална кариера ова лето, со надеж дека на крајот ќе биде шлагот – настапот со репрезентацијата на Македонија на ЕВРО 2020.

Но, поради коронавирусот (Covid-19), УЕФА донесе одлука да го одложи Европското првенство за следното лето, од 11. јуни до 11.јули 2021 година. Тоа значи и година плус за Горан Пандев, кој, мора да се признае, е веќе ветеран, иако со 37 години се уште со леснотија ги тресе мрежите во Серија А.

Се ќе зависи од плејоф – натпреварите на Македонија во Лигата на нации. Според новиот предлог – термин, полуфиналната пресметка со Косово треба да се случи во текот на јуни на арената „Тодор Проески“, а при евентуален успех – ќе следи и финале за Македонија против Грузија или Белорусија. Доколку националниот тим успее да се пласира на ЕВРО 2021, тогаш Горан Пандев речиси сигурно ќе продолжи да игра уште една година.

Се вчитува...