Пандев апелира: Политичките партии да не го злоупотребуваат моето име

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија Горан Пандев на социјалните мрежи објави порака во која бара да не биде злоупотребувано неговото име во политички цели. Реакцијата се однесува на објавата на социјалните мрежи од страна на Комисијата за спорт на ВМРО ДПМНЕ, на апелот на Пандев за одговорно однесување на секој поединец и седење дома како начин на борба против коронавирусот.

„Во овие тешки моменти за целиот свет кога се соочуваме со најопасниот вирус на глобално ниво, сакам да апелирам до политичките партии во Македонија да престанат со ситни-политички игри. Оваа прилика ја користам да ги повикам политичките партии (во случајот комисијата на ВМРО-ДПМНЕ) да престанат да го злоупотребуваат моето име. Ова време кога ние во Италија се соочуваме со катастрофа од невидени размери. Апелот до сите е да останат дома и да ги следат препораките од надлежните. Секоја моја изјава која ќе биде ставена во контекст на ПОЛИТИКА ќе ја демантирам“, напиша Пандев на социјалните мрежи. 

Се вчитува...