Пандев асистира, Парма победува

Горан Пандев беше стартер, а Парма конечно успеа да стигне до триумф во Серија Б откако тимот на македонскиот ветеран славеше со 1-3 на гостувањето против Козенца.

Ова беше само втор триумф на Парма во последните шест кола од втората италијанска лига, но тимот на Пандев се уште е далеку од битката за влез во елитното италијанско фудбалско друштво.

Македонскиот напаѓач даде свој придонес бидејќи токму тој беше асистент при првиот погодок за Парма, што на самиот почеток го постигна Бернабе. Данило зголеми на 0-2 на самиот старт од второто полувреме, по што Пандев беше заменет со Сани.

Козенца до крајот од пенал реализираше почесен погодок, но соиграчите на Македонецот успеаја не само да ја задржат предноста, туку со трет гол во 89. минута да стават печат на победата.

Се вчитува...