Пандев беше стартер за Џенова во ремито со Верона

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев беше предводник на Џенова на вечерашниот меч против Верона (0-0) во Серија А. Тој беше стартер во тимот во кој недостигаа неколку фудбалери кои се уште чувствуваат последици од пандемијата на коронавирус што ја зафати Џенова.

Пандев имаше одлична шанса во 33.минута, но неговиот шут го одбрани голманот на Верона, Марко Силвестри. Во финишот Пандев беше заменет со Виторио Париџини, а Џенова успеа да освои бод.

Се вчитува...