Пандев: Да дојдеме до третото место во групата, што би бил најголем успех во историјата

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев ќе биде подготвен за настап за дуелот против Израел, откако го пропушти претходниот против Австрија поради висока телесна температура.

„Подготвен сум за дуелот со Израел, а дали ќе настапам зависи од селекторот. Сакаме да дојдеме до победа затоа што тоа многу ќе ни значи. Ќе биде одлично групата да ја завршиме на третото место, што би било најголем успех во нашата историја низ сите досегашни квалификации. Со игрите во овој циклус заслуживме да завршиме на трето место, затоа што одигравме добар циклус со само еден лош натпревар против Австрија на домашен терен. Сега секако сакаме да заокружиме со победа“, изјави Пандев.

Натпреварот во кој А-тимот ја пречекува селекцијата на Израел е закажан за утре на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во 20:45 часот.

Се вчитува...