Пандев дебитираше за Парма во ремито против Беневенто

Најдобриот македонски фудбалер во историјата, Горан Пандев го имаше своето деби во дресот на Парма во ремито без голови против Беневенто во 21. коло од италијанската Серија Б.

Гранде Пандев влезе во игра во 46. минута и го одигра целото второт полувреме. „Пармалатите“ треба да бидат задоволни со ова реми бидејќи домаќините беа далеку подобар противник во мечот.

Парма со ова реми останува на 13. место на првенствената табела и се помали се шансите тимот да се врати годинава во елитата.

 

 

Се вчитува...