Пандев доби аплаузи на „Сан Паоло“, играше и Елмас, немаше голови во Неапол

Кризата во Наполи се продлабочува откако тимот на Карло Анчелоти одигра само 0-0 на домашен терен против Џенова. Беше тоа дуел и на двајцата македонски репрезентативци, Горан Пандев и Елиф Елмас. Капитенот на националниот тим беше стартер за Џенова и играше до 80.минута, а доби аплаузи од публиката кога го напушти теренот.

Елиф Елмас влезе како резерва во вториот дел на местото на Лоренцо Инсиње, во 66.минута. Играч на мечот беше голманот на Џенова, Јонут Раду, кој имаше неколку одлични интервенции и успеа да ја сочува мрежата.

Наполи по ова реми се наоѓа на седмата позиција со 19 бода и нема победа на последните четири меча во Серија А.

Се вчитува...