Пандев доби пет минути, во ремито на Џенова против Рома на „Олимпико“

Рома и Џенова го одиграа најинтересниот натпревар во 1. коло од новата сезона во Серија А, ремизирајќи со 3-3 во „голеадата“ на „Олимпико“.

Ундер и Џеко беа стрелци на головите за Рома во првото полувреме, додека Пинамонти и Кришито погодија за Џенова. Во вториот дел, Коларов во 49. минута ја доведе „волчицата“ до предност од 3-2, но со голот на Коуаме во 70. минута, Џенова дојде до бод.

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев не доби можност за настап во дресот на Џенова останувајќи на клупата за резервни фудбалери.

РЕЗУЛТАТИ – 1. КОЛО: Рома – Џенова 3-3, Каљари – Бреша 0-1, Сампдорија – Лацио 0-3, СПАЛ – Аталанта 2-3, Торино – Сасуоло 2-1, Верона – Болоња 1-1

Се вчитува...