Пандев добива нов тренер во Џенова

Италијанскиот калчолигаш Џенова добива нов тренер. Во претстојната сезона тимот на Горан Пандев од клупата ќе го предводи Роналдо Маран, информираат медиумите на Апенините. Тој треба да потпише двегодишен договор со раководството на Џенова и да ги стартува подготовките со новиот тим.

Роландо Маран во изминатите две сезони беше на клупата на Калјари, а ги водел и екипите на Катанија, Виченца, Бреша, Варезе, Бари, Читадела и на Триестина. Тој остана без клуб на 3 март 2020 година кога доби отказ од Калјари по 12 меча без победа.

Роландо Маран на клупата на Џенова ќе го наследи Давиде Никола.

 

Се вчитува...