Пандев добива соиграч од Ајакс

Џенова ќе добие сериозно засилување за наредната сезона откако беше договорен трансферот на Ласе Шоне од редовите на Ајакс. Станува збор за одличен фудбалер за врска кој настапуваше за Ајакс во Лигата на шампионите, постигнувајќи и фантастичен погодок од слободен удар на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид.

Сепак, тој влегува во последната година од договорот, а Ајакс е подготвен да го продаде. За Шоне се интересираа неколку клубови, но Џенова успеа да ги договори сите детали од трансферот. Данецот ќе потпише двогодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона, додека на Ајакс ќе му бидат исплатени скромни 1,5 милиони евра.

Џенова минатата сезона едвај обезбеди опстанок во елитното друштво, но очигледна е желбата на клупското раководство во новата сезона воопшто да не се стравува за прволигашкиот статус.

Се вчитува...