Пандев е херојот на Џенова…, тежок кикс на Наполи против Лече (ВИДЕО)

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев повторно е херојот на Џенова, за четвртата победа сезонава во 23. коло од Серија А.

Во битката за опстанок, Џенова стигна до значајна победа од 1-0 против Каљари благодарение само на извонредниот индивидуален потег на најдобриот македонски фудбалер кој во 43. минута, само четири минути откако претходно влезе во игра, постигна прекрасен гол со шут од 20 метри…

 

Пандев сезонава игра во извонредна форма, иако со 36 години издвојувајќи се како водечка фигура во составот на Џенова. За него ова е шести гол сезонава во Серија А.

Голем кикс, пак, на Наполи кој пред своите навивачи загуби од Лече со 2-3. Во тимот на „наполитанците“ не беше Елиф Елмас поради суспензија по жолти картони.

Во последниот попладневен натпревар од ова кола Бреша пред своите навивачи ремизираше (1-1) со Удинезе во чии редови последните 20 минути од мечот ги одигра и македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.

Се вчитува...