Горан Пандев ќе остане во тимот на Џенова до крајот на сезонава и токму во овој клуб ќе ја заврши кариерата, по неуспешниот обид на Интер да го врати македонскиот ас на „Џузепе Меаца“. „Нероаѕурите“ се во потрага по резервен голгетер и гледаа на Пандев како на сериозна опција, но ставот на Џенова е дециден – Македонецот немад а си замине од својот сегашен клуб.
Петте гола во досегашниот дел од сезонава, но и одличните настапи и влијанието врз играта на Џенова го прават македонскиот напаѓач незаменлив во последните месеци, без разлика на смената на неколку тренери во овој период. Претседателот Пречиози во Пандев гледа лидер на оваа млада екипа, поради што јасно ставил до знаење дека Македонецот е „недопирлив“, не сакајќи воопшто да влезе во посериозни преговори со Интер на оваа тема.
Ова е добра вест и за македонскиот национален тим, со оглед на фактот дека Пандев во натпреварувачки ритам ќе го дочека баражот со Косово, со оглед на фактот дека во Интер поголемиот дел од времето би го минал на клупата за резерви.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА