Пандев: Ги предупредив Италијанците дека нема да им биде лесно против Македонија во Палермо

Екс-капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев истакна дека иако предупредувал, италијанската фудбалска јавност премногу ги потценила избраниците на селекторот Благоја Милевски.

Фудбалерот на Парма деновие во интервју за радио „РАИ“ дал свој коментар и анализа за изненадувачкиот резултат во мундијалскиот плејоф.

„Моите италијански пријатели велеа дека натпреварот ќе биде лесен за нивната репрезентација, дека Македонија ќе загуби со многу голови и дека тој дуел ќе биде само подготовка за финалето во плејофот. Јас ги предупредував да бидат внимателни, им велев дека Македонија игра одлично во транзиција, а на крајот така и падна голот, а Италија немаше време да се извлече … Се чувствувам половина Италијанец, моите деца се родени овде, но нема дилема, секако дека навивав за Македонија“, потенцирала македонската фудбалска легенда.

Се вчитува...