Пандев го избра новиот број во Парма – истиот со кој со Интер стана европски првак (видео)

Горан Пандев ја почна својата авантура во Парма откако денеска пристигна во новиот клуб и го одржа првиот тренинг со соиграчите во оваа екипа.

Воедно, Парма денеска го објави и бројот на дресот што ќе го носи македонскиот голгетер – Пандев избрал да има 27-ка на грбот во последните месеци од кариерата.

Тоа е бројот што „Гранде Пандев“ го носеше и во Интер, тим со кој нашиот ас го оствари најголемиот успех во кариерата, кога со „нероаѕурите“ освои тројна круна под водство на Жозе Мурињо.

Се вчитува...