Пандев го повреди коленото на 40 дена пред Косово!

Лоша вест доаѓа од Апенинскиот полуостров на нешто повеќе од еден месец до клучниот бараж-дуел против Косово, откако Горан Пандев заработи незгодна повреда на самиот почеток од натпреварот меѓу Болоња и Џенова.

Нашиот капитен, кој играше во извонредна форма во последно време, се пожали на болка по неполни десет минути игра, по што мораше да биде заменет во раната фаза од натпреварот на Ренато Дал’Ара. Според тиражниот италијански весник „Газета дело спорт“, станува збор за удар во пределот на коленото, по кој Македонецот не успеал да се опорави и самиот побарал да биде заменет.

Она што е добро на прв поглед е што Пандев самиот го напушти теренот, повредата навидум не е премногу сериозна, но останува да се види лекарската дијагноза и прогнозите колку тој ќе отсуствува од фудбалските терени.

Дуелот меѓу Македонија и Косово од баражот од Лигата на Нации ќе се игра на 26 март на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Се вчитува...