Пандев го пропушта враќањето на „Џузепе Меаца“

Горан Пандев е казнет со два натпревари неиграње поради црвениот картон што македонскиот репрезентативец го заработи во финишот од дуелот со Лече. Иако постоеше можност за санкција од само еден натпревар, Пандев е дополнително казнет поради критиките на адреса на главниот судија, видно изнервиран од неговиот критериум во второто полувреме.

Ова значи дека македонскиот капитен не само што ќе го пропушти градското дерби со Сампдорија, туку и камбекот на „Џузепе Меаца“, гостувањето против неговиот поранешен клуб Интер. Покрај суспензијата, Пандев е казнет и со 12.000 евра парична казна.

Покрај Македонецот, суспензија од два натпревари заработи и Никола Максимовиќ од Наполи, а со една средба суспензија казнети се: Чистана (Бреша), Рог (Калјари), Агудело (Џенова), Давидович (Верона), Квадрадо и Пјаниќ (Јувентус), Лучиони и Петричоне (Лече), Куртиќ (СПАЛ) и Манчини (Рома).

Се вчитува...