Пандев го закопа и Милан, гол за водство на „Сан Сиро“

Милан и Џенова истрчаа на терен пред празните трибини на „Сан Сиро“, а Горан Пандев уште еднаш се потсети на своите најдобри моменти на овој фудбалски храм, постигнувајќи гол за водство на Џенова на ова тешко гостување.

Санабрија одлично продре од десната страна, а македонскиот капитен се најде на вистинското место и од непосредна близина ја затресе мрежата на „росонерите“. Ова е вкупно седми гол на Пандев за Џенова сезонава, со што нашиот интернационалец е најдобар стрелец на својот тим, кој се бори за опстанок во елитното друштво.

Се вчитува...