Пандев горд: Заслужено победивме голема екипа

Горан Пандев не ја криеше гордоста по одличното издание на Џенова и големата победа на гостувањето против Милан. Македонецот го постигна голот за водство, вкупно седми за него сезонава, а Џенова стигна до три бода кои се од огромно значење во борбата за опстанок.

„Ова беше многу важна победа за нас, во еден специфичен момент. Тренерот Никола цело време ја одржуваше атмосферата во екипата на високо ниво, тоа придонесе на терен да излеземе желни за борба и на крајот заслужено да победиме една голема екипа како што е Милан. Мораме да останеме фокусирани, смирени и со заеднички дух, тоа е единствениот начин на кој ќе се избориме за опстанок“, изјави Пандев.

Џенова со победата над Милан се искачи на 17. место на табелата со 25 бода, исто колку што има и Лече на 18. позиција.

Се вчитува...